Достапни линкови

logo-print

Учениците загрижени за безбедноста во училиштата


од дебатата

од дебатата

Истражувањата за безбедноста во училиштата покажале дека секој шести анкетиран средношколец во Скопје не се чувствува безбедно во училиште.

Безбедност и соживот во меѓуетничките училишта во Скопје е насловена дебатата која се одржа во организација на Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Градот Скопје. Дискусијата следи по се`побројните извештаи за инциденти во образовните институции. Координаторот на проектот Ристе Змејковски вели дека постојат и инциденти кои не се пријавени:
Има многу инциденти за кои не знаат ниту професорите. Целта е овие немири да се искоренат.

„Има многу инциденти за кои не знаат ниту професорите. Целта е овие немири да се искоренат, значи не е целта да се повикуваме на официјалната статистика колку вкупно ги има, затоа што не е само Скопје. Aко тргнеме од тој аспект имавме немили настани во Струга и во други градови. Нашата поента е да работиме директно со учениците и да ги таргетираме во оние односи во кои тие заедно се во училиштето и после училиштето.“
Средното градежно училиште Здравко Цветковски.

Средното градежно училиште Здравко Цветковски.


Со оглед на се` побројните инциденти во образовните институции, се поставува прашањето дали ваквата иницијатива е задоцнета? Одговара професорот Ристо Павловски:
Она што нас не изненади е тоа што самите ученици побараа еден построг и подисциплиниран режим на однесување во училиштата, бидејќи сметаат дека само на тој начин може да се допринесе до поголема безбедност.

„Не, значи не е задоцнета затоа што професорите не работат само на воспитно-образовниот процес туку и на пријателскиот однос, на оној соживот.“

Професорите постојано се обидуваат да ги надминат овие проблеми, вели Павловски.

„Оние ученици кои учествуваа од нашето училиште се премногу задоволни и можам да кажам сега дека тие се многу блиски пријатели, иако нели постоеше таа бариера етничка, но генерално во нашето училиште не наидуваме на некакви пошироки проблеми во аспект на таа меѓуетничка припадност, бидејќи ги учиме децата да бидат едно, а не друго.“

Марина Саздовска од Здружението за безбедност и едукација, повикувајки се на истражувањето на оваа институција, посочува дека 17 отсто од анкетираните ученици посочиле дека не се чувствуваат безбедно

„Она што нас не изненади е тоа што самите ученици побараа еден построг и подисциплиниран режим на однесување во училиштата, бидејќи сметаат дека само на тој начин може да се допринесе до поголема безбедност. Како потпора на тоа се податоците според кои проблемите во училштето најмногу се решаваат со строга дисциплина потполно или до некаде се согласуваа 59 проценти од испитаниците“, вели Саздовска.
XS
SM
MD
LG