Достапни линкови

logo-print

Иран се закани дека ќе го блокира излезот од Персискиот Залив


Иран ќе го блокира транспортот на сурова нафта од Персискиот Залив низ Ормускиот Теснец ако се наметнат странски санкции за извозот на нафта од земјата, предупреди првиот потпретседател на Иран, Мохамад Реза Рахими.

„Ако тие(Западот) наметнат санкции за иранскиот извоз на нафта, тогаш капка нафта не може да помине низ Ормускиот Теснец“, изјави тој.

Околу една третина од целата нафта што се транспортирала по морски пат во светот во 2009 година поминала низ овој теснец, покажува американската енергетска статистика. Американски воени бродови партолираат во областа за да обезбедат безбеден премин на танкерите.

Ормускиот Теснец го поврзува Персискиот Залив со Арапското Море.
XS
SM
MD
LG