Достапни линкови

Груевски - Eкономијата е стабилна, задолжувањето е на ниско ниво


Премиерот Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски.

Eкономијата е стабилна, финансискиот сектор безбеден, девизните резерви се на задоволително ниво, а задолжувањето, како и буџетскиот дефицит се на ниско ниво, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски рече оти внимателно се следат случувањата во еврозоната, а работите засега се одвиваат согласно проектираното.

Претходно, потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски обвини дека владата забрзано се задолжува и ги повика властите во целост да ги плаќаат своите обврски кон домашните фирми за да ја преживеат економската криза, но за да се случи тоа, вели тој, фирмите не треба да молчат за побарувањата од Владата.
XS
SM
MD
LG