Достапни линкови

Германија ја олеснува визната политика


Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле.

Германија ќе ја олесни визната контрола наредната година за да им помогне на бизнисмените полесно да влегуваат во земјата. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска изјави:

„Се залагам за либерална визна политика што ја одразува улогата на Германија во глобализираниот свет.“

Новите правила треба да го поедностават и да го забрзаат процесот за добивање виза - ќе се бараат помалку документи, а одговорот на барањето ќе се добива за 72 часа. Не се соопштува кога точно треба да почнат да се спроведуваат овие мерки.

Новинските агенции објавуваат дека се очекува оти полесната визна контрола може да им помогне на илјадници луѓе и фирми од Русија и од Кина што сакаат да работат во најголемата економија во ЕУ.
XS
SM
MD
LG