Достапни линкови

Славно Смилево заборавено


Во музејот на револуционерната борба во Смилево спомен соба посветена на Смилевскиот конгрес.

Во музејот на револуционерната борба во Смилево спомен соба посветена на Смилевскиот конгрес.

Меморијалниот музеј во Смилево месечно го посетуваат само по дваесетина луѓе. Граѓаните имаат мал интерес да ја посетат родната куќа на Даме Груев.

Слаба е посетеноста на Меморијалниот музеј во револуционерно село Смилево каде на познатиот Смилевски конгрес била донесена одлуката за подигање на Илинденското востание, а селото во 1903 година било ослободено од турската власт 25 дена.
Посетеноста во првите неколку години беше поголема, сега е многу послабо. Се прават напори со писма до основните и средни училишта за да имаме поголема посетеност. Месечно ако нема ученици бројката е многу мала од 20 до 30 лица.

Музејот беше отворен пред седум години, а во него се изложени стотици историски експонати. Меѓу нив - етнолошка соба со носии, спомен соба за револуционерот Даме Груев, за Смилевскиот конгрес, како и за партизанскиот одред кој го носел името на еден од основачите на историското ВМРО, востаникот Груев. Одржувачите на музејот велат дека, иако сето ова е дел од македонската историја, во последно време тука слабо навраќаат и ученици.

„Посетеноста во првите неколку години беше поголема, сега е многу послабо. Се прават напори со писма до основните и средни училишта за да имаме поголема Споменик на Даме Груев на плоштадот Македонија во Скопје

Споменик на Даме Груев на плоштадот Македонија во Скопје

посетеност. Месечно ако нема​ученици бројката е многу мала од 20 до 30 лица“, вели Ѓорги Коштревски, одржувач на Меморијалниот музеј.

Во селото се наоѓа и гробот на Даме Груев, чии посмртни останки биле пренесени тука пред четири децении. Се уште постои неговата родна куќа, во која за жал од спомените за него сочувана е само една негова слика. Понатаму во селото поставена е спомен плоча за Смилевскиот конгрес, иако се уште постајат дилеми каде точно се одржал. Ова е еден од најубавите краиша во демирхисарско со живописна природа, опкружен од сите страни со манастири, но руралниот туризам се уште е во зачеток.

„Имаме отворено селска куќа за развој на селски туризам. Но, и таа не профункционра, немаше некоја реклама поголема и не доби на популарност. Во минатото можеби бил подзаборавен ликот и делото на Даме Груев, но сега се повеќе се афирмира, па очекуваме во следниот преиод се повеќе да се издигнува“, додава Коштревски.

Од отворањето на Меморијалниот музеј до денес не е откупен ниту еден друг историски експонат од веќе изложените.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG