Достапни линкови

logo-print

Арифи - Пресудата од Хаг да биде поттик за решение на спорот за името


Вицепремиерката Теута Арифи.

Вицепремиерката Теута Арифи.

Пресудата од Хаг треба да биде поттик за решение на спорот за името, а дијалогот на соседите треба да води кон спогодба, рече вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања, на која ги презентираше постигнувањата од акциските планови за хармонизација на домашното со законодавството на ЕУ за 2011 година. Таа рече дека Македонија бележи напредок во однос на исполнувањето на обврските околу постигнување на европските стандарди. Сепак, рече Арифи, не очекува и доста сериозна работа.

Претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, Радмила Шеќеринска, пак, меѓу другото оцени дека има забавување во усогласувањето на домашното законодавство со тоа на ЕУ.
XS
SM
MD
LG