Достапни линкови

Нема пари од Еуримаж додека трае ревизијата


Програмата на Европскиот филмски фонд(Еуримаж) за дистрибуција ќе биде замрзната додека трае ревизијата. Македонски претставник во Еуримаж Мими Ѓорѓоска-Илиевска изјави дека тоа не се прави само во Македонија, туку и во други земји. Кај некои, а не кај сите дистрибутери се најдени неправилности, изјави таа.

Бордот на директори на Еуримаж пред десетина дена имал состанок во Париз. Во однос на тоа какви последици ќе има за дистрибутерите што работеле неправилно, Ѓорѓоска-Илиевска посочи дека на состанокот на Бордот било заклучено секретаријатот на Еуримаж да консултира правни експерти за следните чекори.

Во јули годинава Еуримаж откри злоупотреба на европски пари што четири дистрибутери ги зеле за прикажување филмови во Македонија, а не ја исполниле обврската, со што проневериле 230 илјади евра. Еден месец подоцна Мими Ѓоргоска-Илиевска беше назначена за македонски претставник во Еуримаж на местото на Дарко Башески.
XS
SM
MD
LG