Достапни линкови

Набљудувачите од Арапската лига пристигнаа во Хомс


Тенкови во Хомс.

Тенкови во Хомс.

Мировните набљудувачи од Арапската лига почнаа со обиколката на Хомс, едно од најголемите жаришта на сириската криза. Сириската државна телевизија објави дека набљудувачите се сретнале со гувернерот на областа.

Според активистите, владините сили вчера убиле 34 луѓе во градот Хомс. Набљудувачите треба да утврдат дали владата се придржува до мировниот план, кој предвидува армијата да се повлече од немирните градови.

Активистите информираат дека денеска во Хомс се собрале околу 20 илјади демонстранти. Жители велат дека ноќеска градот бил под армиска опсада и тврдат дека војската почнала да ги повлекува тенковите пред да пристигнат набљудувачите.
XS
SM
MD
LG