Достапни линкови

Питачите новогодишната ноќ најверојатно ќе ја поминат на улица, затоа што не можат да си дозволат поинаква прослава.

Борба за преживување. Вака изгледа секојдневието на питачите кои се оставени на маргините на општеството. Без никакви примања тешкиот живот ги натерал на улиците да бараат милост и да зависат од желбата на луѓето да им помогнат.

Тешко тој што нема, тешко тој што е без ништо. Сега некој динар да падне за лепче за друго. Никако, како терам никако. Скоро секој ден по пет-шест часа стојам па си одам.
Влезот на Градскиот трговски центар е работното место на една жена која секој ден по пет-шест часа им се обраќа на минувачите ако сакаат и имаат да и дадат некој денар. Вели тешко е, луѓето не се дарежливи и одвај собира пари за храна.

„Тешко тој што нема, тешко тој што е без ништо. Сега некој динар да падне за лепче, за друго. Никако, како терам, никако. Скоро секој ден по пет-шест часа стојам па си одам.“
Питач на Камениот Мост во Скопје.

Питач на Камениот Мост во Скопје.


Меѓу питачите често може да се сретнат мали деца. Реалноста тие се уште на ја доживуваат толку тешко, бидејќи и покрај се, се со насмевка на лицето и велат дека сами се решиле на таков чекор.

„Не знам како живееме. Тешко. Не даваат луѓето ништо. Никој не не
Никој не не тера да работиме, ние сакаме за да направиме Нова година.

тера да работиме, ние сакаме за да направиме Нова година.“

Новогодишната ноќ ќе ја поминат најверојатно дома или пак на улица, бидејќи за разлика од другите граѓани, тие не можат да си дозволат на друг начин да ја прослават.

„Ќе видам не знам, не можам да знам“.

„Кај нас дома. Со мајка ми. Ќе прославуваме, па ќе шетаме малку“.

Министерството за внатрешни работи неодмана одржа регионална работилница „Местото на децата не е на улица - да ги заштитиме детските права“. Министерството за труд и социјална политика, пак, отвори транзитет центар за децата питачи во Гази Баба, со цел да се стави крај на нивната злоупотреба. Вкупната бројка на деца питачи изнесува околу 1.000, а најчесто мотивот за питачење е сиромаштијата. Според статистичките податоци, секој трет граѓанин во земјава е сиромашен или живее на работ на сиромаштија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG