Достапни линкови

Помирување во ИВЗ?


Илустрација: Верници се молат во Султан-муратовата џамија во Скопје.
Илустрација: Верници се молат во Султан-муратовата џамија во Скопје.

Исламската верска заедница се помири со дел од верниците, за кои претходно тврдеше дека се припадници на радикалните структури.

Исламската верска заедница се помири со дел од верниците што претходно ги опишуваше како припадници на радикалните структури. Оваа информација ја потврдија и претставници на ИВЗ и имамот Беќир Халими, кој до неодамна беше етикетиран и индирекно посочуван во медиумите како лидер на радикалните структури во Македонија.

Пред три години, дел од медиумите, повикувајќи се на информации од МВР, тврдеа дека полицијата го сомничи за поврзаност со терористички организации. Халими ги негираше ваквите наводи веднаш по нивното објавување.
Па сите страни увидоа дека повеќето работи беа повеќе надувани отколку што беа вистинити, а се увиде дека сите ние работиме за иста цел. Ние секогаш сме велеле дека ИВЗ е единствената институција и кога ќе бидат отворени вратите ние таму ќе бидеме.
Беќир Халими.

Тој сега вели дека до помирувањето дошло минатата недела и дека со претставниците на Исламската заедница разговарале и ги надминале недоразбирирањата, но не кажа за какви недоразбирање станувало збор.
Реис-ул-улема Хаџи Ефенди Сулејман Реџепи.
Реис-ул-улема Хаџи Ефенди Сулејман Реџепи.

„Па сите страни увидоа дека повеќето работи беа повеќе надувани отколку што беа вистинити, а се увиде дека сите ние работиме за иста цел. Ние секогаш сме велеле дека Исламската верска заедница е единствената институција и кога ќе бидат отворени вратите ние таму ќе бидеме, па се отворија вртатите и ние сме тука.“

Халими додава дека ставот на ИВЗ е оти нема радикални структури во Македонија.
Ќе има помалку проблем со групи и поединци кои сакаат да бидат паралелни структури, значи нелегални паралелни структури на исламската заедница. Се повеќе и повеќе таквите нелегални паралелни структури се намалуваат.
Јакуп Селимовски, ИВЗ.


„Ставот на најголемите државни институции е дека нема радикални структури во нашава држава, било тоа од државните организации за сигурност и од Стејт Департментот на Соединетите Држави, така да тие се релевантни фактори кои можат да обвистинат што навистина има, така што тие никогаш не рекле дека има такви струи, тоа повеќе го кажувале новинари.“

Минатата година, реис-ул-улема Хаџи Ефенди Сулејман Реџепи, во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека власта ги толерира радикалните структури кои контролираат неколку џамии во земјава. Една година подоцна, тој рече дека заедницата си ја повратила контролата врз верските објекти, но директно не посочи кои се тие луѓе што ја имале контролата и како дејствуваат .

Високиот претставник на ИВЗ, Јакуп Селимовски вели дека вратите на заедницата се отворени за сите што сакаат да се вратат и да ги почитуваат нивните правила и норми.

„Па има повеќе од ден на ден, повеќе се појавуваат, згрешивме, ваму-таму и се јавуваат овај сакаат да делуваат во рамките на Исламската верска заедница, да бидат дел од Исламската верска заедница.“

Нашите соговорници одбегнуваа дирекно да кажат дали помирувањето ќе значи приближување на ставовите, меѓутоа Селимовски вели дека помирувањето е од големо значење за верската заедница и безбедноста на Македонија.

„Значи дека ќе има помалку проблем со групи и поединци кои сакаат да бидат паралелни структури, значи нелегални паралелни структури на исламската заедница. Се повеќе и повеќе таквите нелегални паралелни структури се намалуваат.“

Но тој не дефинираше со кого всушност се помириле, дали се тоа луѓе кои се безопасни и се одметнале од заедницата или, пак, станува збор за радикали. Познавачите на овој проблем тврдат дека темата вахабизам и исламски радиклизам е исполитизирана и дека се користи како плашило за одредени структури да се заштитат од промени.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG