Достапни линкови

Сиријската армија ги крие тенковите во градот Хомс


Хомс, 26.12.2011

Хомс, 26.12.2011

Посматрачите од Арапската Лига се на пат кон опколениот сиријски град Хомс, но очевидци тврдат дека војската ги повлекува тенковите пред да пристигнат посматрачите. Опозицискиот активист Мухамед Салех изјави дека тешките бомбардирања врз градот Хомс запреле рано изутрина и оти најмалку 6 тенка го напуштиле градот, додека другите тенкови и тешкото оружје, сиријската армија ги сокрила.
Посматрачите од Арапската Лига треба да утврдат дали владата го почитува мировниот план, кој вклучува и повлекување на војската од градовите. Борбите во Хомс беа интензивирани по самоубиствените напади во Дамаск во петокот, кога загинаа 44 луѓе.
XS
SM
MD
LG