Достапни линкови

Собранието не го прифати предлог законот за стечајците


Собранието на Република Македонија не го прифати Предлог-законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост во прво читање, поднесен од пратеничката група на СДСМ. Целта на предлогот, според СДСМ, е да се обезбедат невработените лица кои поради приватизацијата останале без работа, односно стечајци и технолошки вишок. Се предлагаше да бидат опфатени стечајните работници со 15 години стаж и возраст над 50 години, со надомест од околу 100 евра месечно.
Додека траеше расправата, пред Собранието мирно протестираа претставници на стечајните работници, кои изјавија дека нивната борба ќе продолжи и натаму.
XS
SM
MD
LG