Достапни линкови

Посматрачите од Арапската лига во сирискиот град Хомс


Чад над рафинеријата во Хомс

Чад над рафинеријата во Хомс

Посматрачите од Арапската лига се очекува денеска да го посетат сирискиот град Хомс, едно од главните упоришта на опозицијата. Тие треба да утврдат дали владата го почитува мировниот план, вклучувајќи и повлекување на воените сили од градовите.
Патувањето на посматрачите во Хомс доаѓа само еден ден по информациите од активисти дека во градот биле убиени 30 луѓе во тенковски напади од страна на владините сили. Борбите во Хомс се интензивираа по двата неодамнешни самоубиствени напада во Дамаск во кои загинаа 44 лица.
XS
SM
MD
LG