Достапни линкови

logo-print

Пенали за Бугарија поради откажувањето од нафтоводот


Русија ќе и испорача сметка на Бугарија за трошоците во врска со реализацијата на нафтоводот Бургас-Александрополис, изјави рускиот министер за енергетика Сергеј Шматко. Ќе се утврди правната основа на проектот и инвентаризација на трошоците што правните субјекти ги направија во врска со проектот, додаде тој во изјавата за руските медиуми. Бугарија овој месец соопшти дека се откажува од учество во проектот за изградба на трансбалканскиот нафтовод Бургас-Александрополис, сметајќи го за економски неоправдан.
Станува збор за ненамирени обврски од 2009, 2010 и 2011 година, а според некои анализи можно е Русите и Грците да побараат компензации, кои можат да достигнат и милијарда долари.
XS
SM
MD
LG