Достапни линкови

logo-print

Шпанија во 2012 година повторно во рецесија


Новиот шпански министер за економија Луис де Гиндос изјави дека Шпанија повторно ќе западне во рецесија во почетокот на идната година, со оглед дека во последниот квартал од годинава е забележана негативна стапка на раст. Шпанија во текот на годинава почна да се извлекува од двегодишната рецесија, откако во првите два квартала беше забележан успешен економски раст, додека во третиот дојде на нула.
Де Гиндос на оваа функција е од минатата недела, во рамките на новата влада на лидерот на конзервативната Народна партија Маријано Рахој.
XS
SM
MD
LG