Достапни линкови

Евгениј Шевчук победи на претседателските избори во Придњестровие


Евгениј Шевчук.

Евгениј Шевчук.

Поранешниот собраниски спикер Евгениј Шевчук победи на претседателските избори во отцепениот молдавски регион Придњестровие. За Шевчук гласале речиси 74 отсто од оние што излегле на избори. Неговиот противкандидат, актуелниот претседател на собранието, Анатолиј Камински, кој ја имаше поддршката од Москва, освои само 20 отсто од гласовите. Актуелниот претседател Игор Смирнов не влезе во вториот круг од претседателски избори.
XS
SM
MD
LG