Достапни линкови

На Пелистер му фали само уште вештачки снег


Архивска фотографија: Пелистер.
Архивска фотографија: Пелистер.

По шест години пауза, повторно проработи ски-патеката „Копанки“ на Пелистер. Неможноста да обезбеди вештачки снег е слабата страна на Пелистер и оваа зимска сезона во однос на другите туристички центри од опкружувањето.

По шест години пауза, повторно проработи ски-патеката „Копанки“ на Пелистер. По неколку пропуштени сезони деновиве светна зеленото светло на реновираната жичара, стара 35 години која не работеше подолго време заради дефект на сајлата. Потпишан е договор за со жичарата да сопанисува хотелот Молика, ДОЕЛ на ЕЛЕМ, кој вложи 1,8 милиони денари во нејзино реновирање. За да се дочека сезоната во топ форма беше пренесен и ратрак за натапкување на снегот дури од Попова Шапка. Реновираната патека и снегот донесоа радост за скијачите од Битола и поширокиот регион кои во изминатите години додека немаше скијање на Пелистер одеа на Вигла во Грција.
Супер е чувството, желни беа битолчани за вакво нешто. Да дојдат да ја видат оваа убавина никаде ја нема. Започна сезоната, добро е, но малку снег има недозволно е за оваа патека, треба уште 40 сантиметри.
Анкетиран граѓанин.

„Супер е чувството, желни беа битолчани за вакво нешто. Да дојдат да ја видат оваа убавина никаде ја нема. Започна сезоната, добро е, но малку снег има недозволно е за оваа патека, треба уште 40 сантиметри.“

„После пет години повторно сум тука, уште малку треба снег и апел до надлежните редовно да го чистат патот.“

„Преубаво е, ја отвораме сезоната оваа година. Да се надеваме дека во иднина ќе има уште поголема перспектива за овој центар.“

Првиот снег на Пелистер ги наполни туристичките капацитети кои поради неработењето на ски-патеката во последните години трпеа загуби. Мирјана Митревска, директорка на хотелот „Молика“ вели дека направиле напори повторно да се врати скијањето на Пелистер.

„Целиот капацитет е исполнет. Се очекуваат 120 гости од Албанија. За Новогодишните праници сме еден месец распордадени на база на тродневен аранжман и во текот на Божиќните празници ќе бидиме полни со гости.“

Неможноста да обезбеди вештачки снег е слабата страна на Пелистер и оваа зимска сезона во однос на другите туристички центри од опкружувањето. Поради климатските промени во последните години ретко кога врне снег на „Копанки“ на надморска височина од 1600 метри, а белата покривка и кога ќе падне не се задржува долго. Инсталација за вештачки снег постои, но набавката на топ е многу скапа инвестиција.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG