Достапни линкови

Претседателот Иванов го одликува Скопскиот џез фестивал


Директорот на Скопскиот џез фестивал Оливер Белопета го прима одлуквањето од претседателот Ѓорге Иванов.

Директорот на Скопскиот џез фестивал Оливер Белопета го прима одлуквањето од претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го одликува Скопскиот џез фестивал со „Повелба на Република Македонија“ за исклучителни резултати во тридецениското организирање на оваа врвна меѓународна музичко-сценска манифестација и за презентација на македонското и светското музичко творештво.

Скопскиот џез фестивал започна во 1982 година во тогашниот Дом на младите „25 мај“, сегашен Младински културен центар. Оттогаш секоја година наесен Скопје е домаќин на великаните на светската џез музика.
XS
SM
MD
LG