Достапни линкови

Осудени 53 луѓе за тероризам во Таџикистан


Архивска фотографија: Самоубиствен бомбашки напад во градот Хуџанд во септември 2010 година.

Архивска фотографија: Самоубиствен бомбашки напад во градот Хуџанд во септември 2010 година.

Судот во градот Согд во Таџикистан осуди 53 луѓе за организирање на самоубиствениот бомбашки напад во градот Хуџанд во септември 2010 година во кој загинаа четворица, а 28 луѓе беа повредени. Судот соопшти дека 43 од осудените се членови на забранетото Исламско движење на Узбекистан. Петмина се осудени на доживотен затвор, а останатите на затворски казни од 8 до 30 години.
Исламското движење на Узбекистан се залага за укинување на секуларните влади во Централна Азија и за создавање исламски држави.
XS
SM
MD
LG