Достапни линкови

Ваши коментари - соживот и Закон за млади


Нашата нова рубрика он-лајн колумни, и разговорот од Лидија Димова од МЦЕО меѓу најкоментираните соджини изминатата недела.

Овојпат за Радио Слободна Европа, во нашата нова рубрика он-лајн колумна, пишуваат м-р Кренар Лога, претседател на Демократската младина на Албанците и Зоран Илиоски, од коалицијата на невладини организации СЕГА. И двајцата се осврнуваат на особено актуелни теми: соживотот и Законот за млади што влезе во собраниска процедура, но поради реакциите во јавноста беше повлечен.
Убаво е да се слушнат разумни зборови, а проблемот е во политичарите и во политиката, кои ја носат целата одговорност за меѓусебните конфликти.

Асани од Германија испратил малку партиски обоен коментар на здраворазумниот текст на Лога: „Свака част“, пишува Асани, „само напред, брате други Мендух Тачи“, додека Игор од Скопје пишува токму онака за што се залага и Лога: „Убаво е да се слушнат разумни зборови, а проблемот е во политичарите и во политиката, кои ја носат целата одговорност за меѓусебните конфликти. Задача на мудрите е личната коегзистенција да ја пренесат и на ниво на Лидија Димова:Владата нема апсолутно никакви намери да ја приклучи Македонија кон ЕУ

Лидија Димова:Владата нема апсолутно никакви намери да ја приклучи Македонија кон ЕУ

заедниците“, порачува Игор.

Зоран Илиоски, кој се залага за јавна дебата за Законот за млади за да се направи токму онаков каков што реално им одговара на сите млади во државава, испровоцирал неколку пораки од вас, кои повторно ја покажуваат нашата болка: „партизираноста на секое наше размислување.“

И Гоце од Скопје кој вели дека што и да се прави кај нас мора некоја
Што и да се прави кај нас мора некоја политичка партија да се вмеша и да се лепат етикети на луѓето.
политичка партија да се вмеша и да се лепат етикети на луѓето, а Игор од Битола смета дека законот се носи по мерка на ВМРО-ДПМНЕ.

Ман од Кавадарци му забележува на Игор дека само сакал да ја напаѓа партијата на власт без да е виновна за нешто.

Инаку најкоментиран прилог во изминатата недела е разговорот со Лидија Димова, директорка на Македонскиот центар за европско образование која смета дека Владата нема апсолутно никакви намери да ја приклучи Македонија кон ЕУ.

Јордан пишува дека Димова била една од оние кои зад агендата за влез во ЕУ ја туркала промената на името, но Жане реално порачува дека на интернет може да се види дека Македонија секоја година успева да повлече и да потроши се помалку пари од европските фондови и им забележува на жените од јавната администрација дека по се' изгледа поинтересно им е да си купат нови блузички отколку евроинтеграциите.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG