Достапни линкови

Уште едно убиство на бизнисмен во Албанија


Во албанскиот град Валона синоќа бил убиен 52 годишниот Ардијан Дервиши, сопственик на компанија за градежништвото. Според полицијата, осомничениот за убиството е во бегство. Се претопаставува дека причина за убиството е спор околу имот. За месец и половина ова е трето убиство на бизнисмен во Албанија. Во почетокот од месецов беше убиен 40 годишниот Спартак Спахо кој беше сопственик на ресторан во Фиер. Претходно, во средината на ноември, во Драч, беше убиен 35 годишниот Гентијан Згури, сопственик на пет фирми.
XS
SM
MD
LG