Достапни линкови

logo-print

Самоубиствен бомбашки напад во Багдад


Во денешниот самоубиствен напад со автомобил бомба во близина на ирачкото министерсство за внатрешни работи во Багдад, како што јавуваат агенциите, најмалку 6 лица загинале додека скоро триесетина биле ранети. До ова дојде по серијата бомбашки напади кои во четвртокот го потресоа Багдад и во кои загинаа повеќе од 60 луѓе. Нападите се доведуваат во врска со растечките политички тензии меѓу шиитите кои ја предводат ирачката влада и сунитите. Неколку дена по заминувањето на последните американски војници од Ирак, беше издадена потерница по заменик претседателот, сунитот Тарек ал Хашеми кој е обвинет за поддршка и финансирање на терористички акции.
XS
SM
MD
LG