Достапни линкови

Набљудувачите на Арапската лига пристигнуваат во Сирија


Анти-владини протести во Сирија

Анти-владини протести во Сирија

Првата група на набљудувачи од Арапската лига денеска треба да пристигнат во Сирија, како дел од планот за ставање крај на насилството во земјата. Опозицијата ги повика наблудувачите да одат во градот Хомс како и во други градови каде безбедносните сили се уште се пресметуваат со демонстрантите кои бараат демократски промени во земјата.
Сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем, во меѓувреме изјави дека очекува од набљудувачите на Арапската лига да го подржат тврдењето на сириските власти дека безбедносните сили во изминатите девет месеци главно се справувале со „вооружени терористи“. Западните сили и групи за човекови права го обвинија режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад за насилство. Во Сирија денеска ќе пристигне група до 50 набљудувачи, а се очекува подоцна нивниот број да се зголеми на 150 или повеќе.
XS
SM
MD
LG