Достапни линкови

Турција и Азербејџан ќе потпишат договор за изградба на гасовод


Илустрација, работници санираат штета на гасовод.

Илустрација, работници санираат штета на гасовод.

Турција и Азербејџан денеска ќе потпишат меморандум за разбирање за изградба на трансанадолиски гасовод. Гасоводот ќе испорачува природен гас за Турција и европските земји. Меморандумот ќе го потпишат турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз и азербејџанскиот министер за индустрија и енергетика Натик Алиев. Турција и Азербејџан планираат изградбата на гасоводот да започне што е можно побрзо.
XS
SM
MD
LG