Достапни линкови

Судан-убиен лидерот на бунтовниците од Дарфур


лидерот на бунтовниците Калил Ибрахим

лидерот на бунтовниците Калил Ибрахим

Суданските вооружени сили тврдат дека го убиле лидерот на бунтовничката група која дејствува во регионот Дарфур. Властите тврдат дека лидерот на движењето за правда и еднаквост Калил Ибрахим загинал во борбите меѓу бунтовничката група и безбедносните сили.
Бунтовничката група потврди дека невниот лидер е убиен, но според нив тој загинал во воздушен напад, а не во судир со владините сили.
Смртта на лидерот на бунтовниците дојде по неговите изјави дека бунтовничките сили од Дарфур напредуваат кон суданскиот главен град Картум.
Групата се смета за најмоќната бунтовничка група во Судан. Тие одбија да го потишат мировниот договор меѓу суданската влада и други бунтовнички групи, со посредство на Катар. Борбите во Дарфур започнаа во 2003-та година.
XS
SM
MD
LG