Достапни линкови

logo-print

Потпретседателот на Ирак не планира да се појави на суд


Потпретседателот на Ирак Тарек ал-Хашеми.

Потпретседателот на Ирак Тарек ал-Хашеми.

Потпретседателот на Ирак Тарек ал-Хашеми, кој е обвинет за тероризам, изјави дека нема да се појави пред судот во Багдад, со што станува се поизгледно дека тој ќе избега од Ирак.

Во интервју за Франс прес, Хашеми вели дека неговите телохранители можеби биле вклучени во некои напади, но негира дека и тој бил вмешан. Тој наведе дека најголем дел од неговите телохранители се уапсени.

Хашеми, кој е највисоко позициониран сунитски политичар во земјата, вели дека не планира да го напушти Ирак, но не ја исклучува таквата можност ако му биде загрозена личната безбедност.
XS
SM
MD
LG