Достапни линкови

Иран сака воена и безбедносна соработка со Ирак


Началникот на генералштабот на иранската армија, генерал Хасан Фироузабади.

Началникот на генералштабот на иранската армија, генерал Хасан Фироузабади.

Иран е подготвен да ја прошири воената и безбедносна соработка со Ирак, изјави началникот на генералштабот на иранската армија, генерал Хасан Фироузабади. Тој го поздрави „принудното заминување“ на американските и други странски војници од Ирак и оцени дека „тоа се должи на отпорот и решеноста на ирачкиот народ и влада“. Ваква порака иранскиот генерал му испратил на неговиот ирачки колега, генерал Бабакер Зебари и на ирачкиот министер за одбрана Саадун ал-Дулаими.
XS
SM
MD
LG