Достапни линкови

Втор круг претседателски избори во Придњестровие


Отцепениот молдавски регион Придњестровие денеска гласа на вториот круг од претседателските избори. За претседател се борат Јевгениј Шевчук, кој освои 38,5 отсто од гласовите и Анатолиј Камински, кој освои 26,4 отсто од гласовите во првиот круг. Актуелниот претседател Игор Смирнов не успеа да влезе во вториот круг. Молдавија го смета Придњестровие како интегрален дел од нивната територија, иако реално таму нема контрола.
XS
SM
MD
LG