Достапни линкови

logo-print

Косовскиот премиер го честита Велигден на Божиќ


Наместо божиќна, косовскиот премиер испрати велигденска честитка до католичките верници.

Во честитката објавена на официјалната интернет-страна на косовскиот премиер Хашим Тачи пишува „Велигден е меѓу најзначајните празници во христијанскиот свет што достоинствено и гордо го слави целата католичка заедница секаде каде што живее“.

Грешката е направена само во честитката објавена на српски јазик. Ако одберете англиски или албански јазик, премиерот Тачи го честита Божиќ.
XS
SM
MD
LG