Достапни линкови

Фалсификувал документи за ќерка му да добие американска виза


Илустрација.

Илустрација.

Полиција поднесе кривична пријава против 58-годишен битолчанец за лажно претставување и за фалсификување исправа.

Битолчанецот фалсификувал документи дека ќерка му работи како „главен менаџер консултант за односи со јавноста“ во РЕК Битола, за да може да аплицира за виза во американската амбасада. Неговата ќерка во моментов се наоѓа во САД.

Осомничениот се претставувал и како вработен во ДБК и под изговор дека презема службено дејствие од жители на село Новаци добил фотокопирани документи за јавна набавка за продажба на отпаден бакар, алуминиум и алуминиумски лим, со што извршил дејство, што е овластено да го изврши само определено службено лице.
XS
SM
MD
LG