Достапни линкови

logo-print

Сириската опозиција бара испраќање набљудувачи во Хомс


Владини сили во близина на Хомс.

Владини сили во близина на Хомс.

Опозицискиот Сириски национален совет во егзил ја повика Арапската лига итно да прати набљудувачи во градот Хомс што е под опсадa и во другите жаришта на крвава пресметка на владините сили со демонстрантите.

Хомс е едно од најголемите упоришта на антивладините демонстранти. Таму се водат најжестоките борби меѓу армијата и дезертерите кои застанаа на страна на демонстрантите.

Во Дамаск стигна претходницата на набљудувачите од Арапската лига, кои треба да го подготват теренот за пристигнување на сите набљудувачи.

Сириската влада се надева дека набљудувачите ќе потврдат дека земјата има работа со „вооружени терористи“, а не го напаѓа сопствениот народ.
XS
SM
MD
LG