Достапни линкови

Божиќен напад на црква во Нигерија


Архивска фотографија: Бомбашки напад во Нигерија.

Архивска фотографија: Бомбашки напад во Нигерија.

Најмалку 25 луѓе загинаа изутрина во експлозија на бомба пред католичка црква во близина на главниот град на Нигерија, Абуџа, додека бројни верници се собирале на божиќната миса. Радикалната исламистичка организација Боко Харам ја презеде одговорноста за нападот. Бомба експлодирала и блиску до црква во градот Јос во централна Нигерија, а две експлозии одекнале во сојузната држава Јобе во североисточна Нигерија.
XS
SM
MD
LG