Достапни линкови

logo-print

Папата Бенедикт XVI ја критикува комерцијализацијата на Божиќ


Архивска фотографија: Божиќ 2009 година во Ватикан.

Архивска фотографија: Божиќ 2009 година во Ватикан.

Папата Бенедикт XVI ја критикува комерцијализацијата на Божиќ, за време на синоќешната божиќна миса во базиликата Свети Петар во Ватикан. Во својата проповед, Папата ги повика католичките верници да погледнат низ „површниот сјај“ и комерцијалноста на Божиќ и да ја откријат вистинската радост и светлината на Исус.

„Божиќ денес стана комерцијална прослава, чии раскошни светла ја кријат мистеријата на божјата смерност, која не повикува на смирение и едноставност. Да побараме од Бога да ни помогне да погледнеме низ површниот сјај на празниците и зад нив да го откриеме детето во јасли во Витлеем, како и вистинската радост и вистинската светлина.“

Десетици илјади христијани синоќа се собраа и во родното место на Исус Христос, Витлеем, што се наоѓа на Западниот Брег на палестинска територија.
XS
SM
MD
LG