Достапни линкови

logo-print

Иран негира дека штити финансиер на Ал Каеда


Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Рамин Мехманпараст.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Рамин Мехманпараст.

Иран негира дека му дава засолниште на сириецот Езедин Абдел Азиз Халил осомничен дека собира пари за финансирање на Ал Каеда. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Рамин Мехманпараст за државните медиуми изјавил дека тоа се „крајно неосновани“ обвинувања.

САД претходно обвини дека Иран го штити „финансиерот на терористите“. Американското Министерство за финансии понуди награда од 10 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на Халил. Според министерството, Халил делува од Иран од 2005 година, „според договор меѓу Ал Каеда и иранската влада“.
XS
SM
MD
LG