Достапни линкови

Интензивни акции на авганистанските сили против бунтовниците


Архивска фотографија: Американски маринци извлекуваат ранет колега додека чекаат хелихоптер за евакуација во провинцијата Хелманд на 21 август 2010 година.

Архивска фотографија: Американски маринци извлекуваат ранет колега додека чекаат хелихоптер за евакуација во провинцијата Хелманд на 21 август 2010 година.

Авганистанските безбедносни сили убија 30, а уапсија седуммина бунтовници во серија судири ширум земјата, соопштија тамошните власти. Во соопштението се наведува дека армијата, полицијата и силите на НАТО спровеле 11 акции во изминативе 24 часа.

НАТО, пак, соопшти дека еден од нивните хелихоптери принудно слетал во провинцијата Хелманд откако бил погоден од малокалибарско оружје од земја. Посадата поминала без повреди.
XS
SM
MD
LG