Достапни линкови

Карзаи: Нема договор со САД ако НАТО не престане со ноќните рации


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека Авганистан нема да го потпише стратегискиот договор за партнерство со САД доколку безбедносните сили предводени од НАТО не престанат со ноќните рации и претреси по куќи. Овие коментари на Карзаи следуваат откако беше назначена владина комисија која треба да ги истражи неодамнешните напади на НАТО и ноќни рации и евентуалните цивилни жртви од инцидентите. Договорот за стратегиското партнерство беше постигнат во Вашингтон со цел регулирање на американско- авганистанските односи по целосното повлекување на странските борбени сили од Авганистан во 2014 година.
XS
SM
MD
LG