Достапни линкови

Ќерката на ирански политичар обвинета за пропаганда против владата


Акбар Хашеми Рафсанани

Акбар Хашеми Рафсанани

Ќерката на порaнeшниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанани, Феазех Хашеми е обвинета за ширење пропаганда против иранската влада, јавува иранската новинска агенција ИСНА. Агенцијата го цитира адвокатот на Хашеми кој тврди дека обвиненијата против неа се покренати по интервјуата кои ги дала за неколку медиуми. Хашеми се појави на опозициските протести во јуни 2009 година по претседателските избори. Таа тогаш беше приведена и набрзо пуштена на слобода.
XS
SM
MD
LG