Достапни линкови

„Русија без Путин“ мото на протестите во Москва


Руската опозиција тврди дека 100 илјади луѓе денеска излегоа на протести во Москва против како што велат изборниот фалсификат. Полицијата тврди дека на улиците има речиси 30 илјади луѓе. Главната порака на денешните протести е „Русија без Путин“.
Демонстрантите денеска побараа одржување на предвремени избори, оставка на претседателот на Централната Изборна Комисија,казна за одговорните за изборниот фалсификат, ослободување на политичките затвореници и реформи во изборниот законик до крајот на февруари. Протестите кои се одвиваат во Русија на минусни температури минуваат во мирна атмосфера, а полицијата интервенирала само по барање на организаторот да спречат националисти да се качат на бината од каде што говореле опозициските лидери и претседателските кандидати. Неколку граѓани биле приведени но по неколку часа биле пуштени на слобода, јавуваат светските новински агенции.
XS
SM
MD
LG