Достапни линкови

Жестоки протести во Јемен


Антивладини протести во Јемен по потпишувањето на договорот меѓу Салех и САД и Саудиска Арабија

Антивладини протести во Јемен по потпишувањето на договорот меѓу Салех и САД и Саудиска Арабија

Јеменската републиканска гарда отвори оган врз стотиците илјади демонстранти во главниот град кои бараат претседателот во заминување да биде изваден пред Суд, јавува новинската агенција Асошиетед Прес. Се уште нема информации за евентуални жртви или ранети. Демонстрантите биле нападнати од безбедносните сили при влегувањето во градот Сана, откако претходно марширале 4 дена од Таиз кој југот, град кој се смета за центар на опозицијата.
Опозицијата врши притисок врз новата влада да не му гарантира имунитет на Али Абдула Салех, кој се согласи да се повлече доколку му биде обезбеден имунитет од кривично гонење.
Насилството само го истакнува континуитетот на криза во Јемен која настана откако Салех потпиша договор со Садиска Арабија и САД со кој минатиот месец ги предаде своите овластувања на неговиот потпретседател и вети дека ќе се повлече целосно од функцијата во замена на имунитет.
Демонстрантите протестираа под мотото „Маршот на животот“.
XS
SM
MD
LG