Достапни линкови

Кудрин: Русија може да се соочи со „револуција“


Поранешниот руски министер за финансии Алексеј Кудрин денеска на протестите во Москва повика на нови парламентарни избори во Русија. Тој во својот говор пред илјадниците демонстранти изјави дека треба да се подготви платформа за дијалог меѓу власта и опозицијата затоа што во спротивност Русија ризикува да се соочи со „револуција“ односно дека ќе се испушти шансата за мирни промени во општетсвото.
Тој истакна дека се неопходно суштински реформи на рускиот изборен систем по кои во рок од 6 месеци според него би требало да се оддржат предвремени парламентарни избори.
Кудрин е поранешен министер и близок соработник на премиерот Владимир Путин кој ја напушти својата функција пред неколку месеци поради недоразбирањата со рускиот претседател Дмитри Медведев односно по јавната критика што ја упати до Медведев за несогласувања околу економската политика.
На протестите оддржаа говор и познатиот анти владини блогер Алексеј Навални, еден од опозициските лидери Борис Немтсов и писателот Борис Акунин. Покрај Москва и Санкт Петерсбрург, протести се оддржаа и во десетина други руски градови на кои учествуваа неколку илјади демонстранти.
XS
SM
MD
LG