Достапни линкови

logo-print

Трајко Вељаноски на католиците им честита Божик


Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски од името на пратениците и од негово лично име, на верниците од католичка вероисповест во Република Македонија им го честита раѓањето Христово-Божик. Им посака овој голем христијански празник да го поминат во добро здравје, духовен мир и празнично расположение.
-„Денешниот ден нека не зближи, нека ни даде мир и духовна сила да бидеме истрајни во нашите заеднички цели и да придонесеме во нашиот заеднички напредокот и благодет“, стои во честитката упатена од Вељаноски.
Претседателот на Собранието подвлекува дека со негувањето и почитувањето на верските различности го градиме патот на толеранција и сплотеност, пат кој ќе овозможи просперитетна иднина на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG