Достапни линкови

Илјадници луѓе на погребот на 44 - та загинати во Дамаск


Илјадници луѓе присуствуваат на погребите на 44 те загинати луѓе во двата вчерашни бомбашки напада во Дамаск.
Многумина носат сириски знамиња и извикуваат слогани со подршка на режимот на Башар ал Асад, кој пак веќе 9 месеци се соочува со анти владини демонстрации кои крваво ги задушува.
Владата на Сирија ја обвини Ал Каеда за вчерашните напади врз безбедносните инситуции, додека за опозицијата веројатно таа самата е одговорна за нападот за да го одвлече вниманието од насилството врз демонстрантите.
Одговорноста за нападите пак, ја прифати групата која себе си се нарекува Сириско муслиманско братство.
XS
SM
MD
LG