Достапни линкови

Нови анти - владини протести во Русија


Руската опозиција планира денеска нова серија демонстрации против, како што смета, злоупотребите на парламентарните избори на почетокот на Декември.
Во Москва, организирани преку социјалните интернет мрежи, се очекува илјадници луѓе да присуствуваат на демонстрациите на авенијата Сахаров за што е добиена дозвола од властите.
Се очекува таму да се појават, познатиот анти владини блогер Алексеј Навални, рок пеачот Јуриј Шевчук, писателот Борис Акунин и можеби поранешниот советски Претседател Михаил Горбачов. Опозицијата ги оспорува изборите на кои победи Обединета Русија на Премиерот Владимир Путин наведувајки низа не регуларности од независните посматрачи.
XS
SM
MD
LG