Достапни линкови

Успешно, неуспешно или фатаморгана!?


Четвртото место на ЕП во кошарка што се одржа во Литванија - најпозитивен настан во годината што изминува.

Четвртото место на ЕП во кошарка што се одржа во Литванија - најпозитивен настан во годината што изминува.

Предвремени избори, препорака за преговори, пресуда во Хаг, блокирани евроинтеграции, згазена слобода на медиуми, осуден Љубе Бошкоски, успех на кошаркарите, неуспешен попис... Може ли 2011 да се оцени како успешна година?

Годината полека изминува и овој период најчесто се поставува прашањето дали таа била залудно пропуштена или бил остварен напредок? Некој ќе наздравува за успешно поминатата година, некој ќе жали за пропуштеното. Во секој случај во декември се резимира сработеното во изминатите месеци. Предновогодишниот период традиционално е посветен на разни приеми и коктели, на кои освен што се прославува добро завршената работа се прават планови и се презентираат очекувањата за наредната година.
Во годината што ја напуштаме бев целосно посветен на нашите стратегиски цели-членството во НАТО и ЕУ и помествање на статус кво состојбата.

Власта се фали за сработеното и 2011 година ја оценува како успешна, опозицијата критикува, а експертите сметаат дека Македонија стагнира. Најпогодените од состојбите во државата, граѓаните, велат дека не почуствувале некои промени кои позитивно влијаеле на нивниот живот.
Претседателот Ѓорге Иванов и американскиот потпретседател Џо Бајден на Молитвениот појадок во Вашингтон.

Претседателот Ѓорге Иванов и американскиот потпретседател Џо Бајден на Молитвениот појадок во Вашингтон.


Претседателот Ѓорге Иванов веќе го имаше годишното обраќање пред пратениците, а ќе ги поздрави и граѓаните на прагот на новата година. Се сретнаа и лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“ на чело со премиерот Никола Груевски. Министрите, пак, самоиницијативно ќе се организираат, но времето ќе го искористат да се растрчаат во името на разни донации и во духот на прославата да дадат очет и да се пофалат за нивната работа.
Реформите во најголем дел се реализирани онака како што треба.

Успешна година за претседателот и премиерот

За претседателот Иванов 2011 била година на јубилеи, победи и успеси.

„Во годината што ја напуштаме бев целосно посветен на нашите стратешки цели-членството во НАТО и ЕУ и помествање на статус кво состојбата[…] Сакам да знаете дека на тој план не се штедев и нема да се штедам и во иднина“, вели Иванов.

Премиерот Груевски вели дека и покрај многуте предизвици и проблеми со кои се соочиле, годината била успешна зашто Македонија повторно доби препорака за почеток на преговори со ЕУ. Тоа, според него, покажува „дека реформите во најголем дел се реализирани онака како што треба“.

Не е за никаде, ама не е ни за во Европа

Граѓаните не гледаат толку позитивно на периодот зад нив, иако некои велат дека се движиме напред, но не со посакуваното темпо.
Позитивно е она што го постигнавме во кошарката.

„Се е навидум ветување, ќе биде и останува надеж дека вистина ќе биде и ќе се реализира во некое догледно време.“

„Во Европа овој Груевски нејќе да чуе, иако се прокламира за Европа и НАТО. Има кредити што утре и моите внуци ќе треба да ги плаќаат. Во ред, нека се гради еден, два или три споменика, но луѓето немаат леб да јадат.“

„Позитивно е она што го постигнавме во кошарката. Тоа навистина беше еден успех, една афирмација.“

„Јас го бендисувам Скопје сега како што е. Колку убави улици се направија, па автобуси...“

„Што не не примија во ЕУ и што Грците многу работи ни оспоруваат.“

„Имаме висок степен на невработеност, имаме доста социјални случаи.“

„Како да кажам средно, не ептен сиромашна, ама со крпење.“

„Не стоиме во место, таман работа. Одиме во секој поглед, меѓутоа ние сме мала држава и економски слаба, но сепак се движи некако“, велат анкетираните граѓани.

За власта добро, за опозицијата од лошо - полошо

Членовите на владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Александар Спасеновски и Бујар Османи велат дека Македонија продолжува да се движи напред.
Македонија успеа на еден начин да одолее на негативните ефекти на економската криза и да ја задржи стабилноста на домашната економија.

Спасеновски вели дека 2011 ја одбележаа успешно спроведените избори, 20-годишнината од независноста на Македонија, успехот на македонската кошаркарска репрезентација, пресудата на Меѓународниот суд на правдата и успешното справување со светската економска криза,
Љубе Бошкоски падна жртва по изборите.

Љубе Бошкоски падна жртва по изборите.


„Македонија успеа на еден начин да одолее на негативните ефекти на економската криза и да ја задржи стабилноста на домашната економија“, вели Спасеновски.
Секој трет граѓанин е сиромашен и од тој аспект тоа е главната константа која е непроменета во Македонија.

Османи, пак, вели дека најзначајни моменти биле изборите и препораката на ЕК за започнување на преговорите, како и донесувањето на законите за автентично толкување на законот за амнестија, законот за знамињата и законот за употребата на албанскиот јазик.

„Тоа е чекор напред во имплементацијата на Рамковниот договор и во севкупното регулирање на политичко-правниот статус на Албанците во Македонија“, вели Османи.

За опозициските партии СДСМ и ДПА и нивните членови Андреј Петров и Зијадин Села, во изминатата година не се случило ништо ново.

„Секој трет граѓанин е сиромашен и од тој аспект тоа е главната константа која е непроменета во Македонија и која ќе продолжи и натаму во следниот период. Во однос на евроатланските интеграции на земјата, тука исто така е статус кво “, вели Петров.
Села, пак, се жали на трошењето пари на споменици наместо на капитални инвестиции и на блокираните евроинтеграции.
Имаме висок степен на невработеност, имаме доста социјални случаи.

Одлуката на Меѓународниот суд за правда повеќе се користи за внатрешна употреба за подигнување на партиски рејтинг, отколку што се употребува за решавање на спорот со името“, вели Села.

Спасеновски признава дека има одредени цели кои не биле исполнети поради пречките кои се појавиле на патот.

„На политички план сметам дека релативно непозитивен настан е застојот во интеграциите во НАТО и ЕУ. Првенствено поради блокадата на Грција. Втората негативност што беше осетена е светската економска криза, која беше причина за стагнација на македонската економија.“

За Петров, пак, единствена позитивна работа била што Хашкиот суд на правдата пресуди во корист на Македонија.
Згазена слободата на медиумите

Професор Здравко Савески вели дека 2011 година за Македонија не значела некој голем исчекор напред.
Мора да се истакне дека големо назадување имаше во врска со слободата на изразување со притисоците на власта и бизнисмените врз медиумите.

„Мора да се истакне дека големо назадување имаше во врска со слободата на изразување со притисоците на власта и бизнисмените врз медиумите, тако што доста негативно влијание имаше во таа насока. Судовите се докажаа дека се доста политички мотивирани“, вели Савески.

Сето тоа покажува дека земјата не оди во правилна насока, додава Савески.

​И политичкиот аналитичар Ајладин Демири вели дека оваа година личела на сите претходни.

„И тоа со сите бои на негативност, во смисла на понатамошно продлабочување на изолацијата на Македонија“, вели Демири.

Настаните кои ќе се паметат се и протестите против полициската бруталност, поради убиството на Мартин Нешкоски, апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски и неуспешниот попис на населението. Се на се, беше година исполнета со многу настани, а што ќе ни донесе наредната останува да видиме. Власта е таа која треба да направи што полесно да ја пребродиме.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG