Достапни линкови

Словенија: закон за замрзнување на платите и пензиите


Словенечкиот парламент денеска усвои интервентен закон според кој социјалните давачки, пензиите и платите на јавните службенци и функционери ќе бидат замрзнати во првата половина на идната година. Исклучок ќе бидат давачките за невработените. Претходно, агенцијата Мудис и го намали кредитниот рејтинг на Словенија, со објаснување дека таа земја се соочува со ризици од должничката криза во еврозоната. Мудис прецизира дека најверојатно ќе биде неопходно словенечката влада да даде дополнителни финансиски гаранции за поддршка на банките, потег кој би можело да и наштети на економијата на Словенија која од 2007 година е дел од еврозоната.
XS
SM
MD
LG