Достапни линкови

Претседателот Иванов: македонска почит до Вацлав Хавел


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов кој денеска во Прага присуствуваше на погребната церемонија на Вацлав Хавел и во име на граѓаните на Македонија ја изрази својата почит спрема поранешен претседател на Чехословачка и на Чешката Република. Во телеграма на сочувство до чешките граѓани, претседателот Иванов, меѓу другото, порача: „Вацлав Хавел, како борец против тоталитарната идеологија се стекна со голем углед и почит меѓу сите слободољубиви народи на Европа. Меѓу бројните награди со кои беше почестен, веројатно најзначајната е сознанието дека милиони луѓе во Европа денес живеат во слобода, во демократија.,, Претседателот Иванов оствари кратки средби со чешкиот претседател Вацлав Клаус, со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе со кои разговараше за прашањето на македонската евроинтеграција.
XS
SM
MD
LG