Достапни линкови

logo-print

Собранието го изгласа Буџетот на Македонија за 2012


Собранието на Македонија денеска со 63 гласа „за,, и 36 против го изгласа Буџетот за наредната година. Тој, според проекциите, изнесува 169 милијади денари. Приходите се предвидени на 156, милијарди денари, а буџетскиот дефицит е 2,5 проценти од БДП. Растот на БДП е проектиран на 4,5 проценти, а инфлацијата на 2,5 отсто. Предвидено е зголемување на капиталните расходи за 29 отсто. Клучни цели на проектираниот буџет се задржување позитивни стапки на економски раст, подобрување на економската инфраструктура и одржување висок степен на социјална стабилност.
XS
SM
MD
LG