Достапни линкови

Фолксваген и Хенкел: Нема мејлови ноќе и за празници


Германската автомобилска компанија Фолксваген соопшти дека е постигнат договор со претставници на работниците, оти во иднина во периодот од 18 часот и 15 минути, до 7 наутро, компанијата веќе нема да испраќа мејлови до своите вработени. Раководството на Фолксваген наведува дека има потреба од постојана комуникација, но оти треба и да се има мерка.

Слична мерка пред еден месец воведе и германската компанија за хемиски производи Хенкел. Шефот на Хенкел изјави: Немам намера да ги читам мејловите ноќе бидејки некому му било досадно, па испраќа. Хенкел прогласи и така-наречена амнестија за мејлови за своите вработени во деновите меѓу Божиќ и Нова Година, освен во итни случаи.
XS
SM
MD
LG