Достапни линкови

САД против прекин на преговорите за името


Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи се сретна со американскиот амбасадор Пол Волерс.

Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи се сретна со американскиот амбасадор Пол Волерс.

САД нема никогаш да поддржат прекин на преговорите за решавање на спорот за името, вели американскиот амбасадор Пол Волерс.

Хашката пресуда да биде нов поттик за што поскоро решавање на спорот за името, а со цел продолжување на евроинтеграциите, е американската порака што вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи ја доби при неодамнешната посета на САД.
Не добивме временски рокови туку едноставно ни беше кажано дека треба да дадеме придонес за да се надмине спорот за името и особено значи после пресудата во Хаг, тоа да биде еден нов поттик, заедно со Грција да најдеме што побрзо решение за да можеме да се движиме побрзо кон евроатлантските процеси.

„Не добивме временски рокови туку едноставно ни беше кажано дека треба да дадеме придонес за да се надмине спорот за името и особено значи после пресудата во Хаг, тоа да биде еден нов поттик, заедно со Грција да најдеме што побрзо решение за да можеме да се движиме побрзо кон евроатлантските процеси.“

Вицепремиерката Арифи во САД имаше средби со врвни претставници на американската администрација, како што се државниот секретар Хилари Клинтон, заменикот помошник државен секретар, Филип Рикер и заменикот постојан претставник на САД во ОН, Розмари ди Карло.

Американскиот амбасадор Пол Волерс, пак, од Скопје порача дека САД остануваат голем стратешки партнер на земјава, а американската поддршка за решавање на спорот во ОН продолжува.
САД нема никогаш да поддржат прекин на преговорите за решавање на спорот.

„САД нема никогаш да поддржат прекин на преговорите за решавање на спорот. Нашиот став е дека двете страни треба да ги засилат напорите за надминување на проблемот со името. Го поддржуваме процесот што се води под покровителство на ОН и сметаме дека неодамнешната пресуда на хашкиот суд е добра можност да се поттикне процесот. Се надеваме дека двете страни ќе го направат тоа.“

Волерс не ги заборави ни рефорсмките процеси кои што, како што рече, мора да продолжат за да продолжат и евроинтеграциите.

Вицепремиерката Арифи, пак, информира и дека на своите американски соговорници при посетата на САД им ја предочила потребата Македонија што поскоро да стане членка на Алијансата, а спорот за името да продолжи да се решава.

По денешната средба со американскиот амбасадор, таа ја пренесе информацијата дека на барањето до потпретседателот на грчката влада, Теодорос Пангалос, за средба, одговорено е со барање таа да се одложи за почетокот на идната година, затоа што на грчката страна и биле потребни дополнителни подготовки. Евентуалното одржување на средбата би демонстрирало волја за изнаоѓање решение во спорот, коментира Арифи.

Американскиот амбасадор неколкупати претходно го пренесе ставот дека САД го охрабруваат процесот за изнаоѓање решение за името под покровителство на ОН и дека ќе го прифатат секое решение до кое ќе дојдат двете страни. Ставот во однос на хашката пресуда е дека таа не го решава спорт за името.

По враќањето од САД, Арифи веќе го изнесе ставот дека во Вашингтон треба да се гледа битен стратешки партнер и дека треба да се инвестира во градењето силни и отворени односи со администрацијата на САД. На оваа посета Арифи замина на покана на американскиот државен секретар Хилари Клинтон да присуствува на конференција во Стејт департментот за заживување на проектот за зголемување на бројот на жени во јавниот сектор на локално, национално и меѓународно ниво.

Арифи, којашто во САД оствари уште неколку други средби, меѓу кои и со поранешниот државен секретар Медлин Олбрајт, информирала за политичко-безбедносната состојба во земјава и за можностите за земјите од Западен Балкан во однос на натамошното евроинтегрирање.
XS
SM
MD
LG