Достапни линкови

Владата пред странците ги „кодоши“ новинарите


Дијалог ЗНМ - Влада: ќе се донесат ли законски решенија за кои нема да има потреба по година или две да се ревидираат?!

Дијалог ЗНМ - Влада: ќе се донесат ли законски решенија за кои нема да има потреба по година или две да се ревидираат?!

Од ЗНМ велат дека власта праќа „неодговорни“ текстови пред меѓународната зедница да прикаже дека новинарството во земјата е лошо. Власта негира, нивните намери во дијалогот со новинарите биле чесни и искрени.

Ако новинарите не спроведат саморегулација тогаш некој друг ќе ги регулира, трето нема, а владата веќе подготвува терен пред меѓународната заедница за да ја оправда потребата од нов Закон за медиуми, прикажувајќи ја непрофесионалноста на дел од новинарите. Ова го изјави претседателот на Здружението за новинари на Македонија Насер Селмани во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела. Тој додава дека за идејата за носење Закон за медиуми прв пат бил прашан од преставници на Министертвото за транспорт и врски веднаш по неговото доаѓање на фунцијата, пред една година.
Верувајте, владините преставници, сите тие „неодговорни“ текстови во нашите медиуми, се принтаат и се праќаат во странските амбасади. Јас мислам дека тие работат во тој правец да ја убедат меѓународната заедница дека во Македонија, поради ниското ниво на свест кај сопствениците, новинарите и уредниците, не може да профункционира саморегулација.

„Верувајте, владините преставници, имаме и такви инфомации, дека сите тие „неодговорни“ текстови кои што се објавуваат во нашите медиуми се принтаат и се праќаат во странските амбасади. Тие се запрепастени од неодговорниот однос на некои новинари. Јас мислам дека тие работат во тој правец да ја убедат меѓународната заедница дека во Македонија, поради ниското ниво на свест кај сопствениците, новинарите и уредниците, не може да профункционира саморегулација.“

Селмани додава дека е неопходно сопствeниците да го поддржат процесот на саморегулација и веќе наредната година да се формира Прес-Совет кој ќе се грижи за почитување на професионалните стандарди. Тој додава дека голем дел од медиумите се политизирани и служат за пропаганда и дека во фелата постојат луѓе кои јавно Вицепремиерката Теута Арифи и преставничката на ОБСЕ за медиуми, Дуња Мијатовиќ

Вицепремиерката Теута Арифи и преставничката на ОБСЕ за медиуми, Дуња Мијатовиќ

кажуваат дека не ги почитуваат професионалните стандарди, нешто од што останатите новинари не можат да се одбранат.

Вицепремирката за евроитеграции Теута Арифи која е главниот владин претставник во дијалогот меѓу владата и новинарите вели дека не може да ја потврди таа инфомација .

„Не сум испратила текстови до амбасади и секако не би можело ова
Не сум испратила текстови до амбасади и секако не би можело ова да го потврдам како информација, но мислам дека е многу битно дека идејата наша во пристапот во дијалогот е чесен, идејата е чесна.

да го потврдам како информација, но мислам дека е многу битно дека идејата наша во пристапот во дијалогот е чесен, идејата е чесна.“

Министерството за транспорт и врски во јануари ќе понуди нацрт-текст на закон кој ќе биде ставен на јавна расправа. Новинарите стравуваат дека Владата сака со креирање на Закон за медиуми да ги стави новинарите под контрола.

Петрит Сарачини од Македонскиот институт за медиуми вели дека стравот е опрадвдан затоа што е очигледно дека се прави нешто што не е во интерес на новинарите.

„Од тоа што е досега понудено не можеме да кажеме ама апсолутно ништо конкретно. Ние таму видовме многу малку работи од „Прогрес репорт“ и од препораките на Европскиот Совет кои се адресираат. Еве на пример, воопшто не се адресира со новиот концепт на закон прашањето за државното рекламирање што е едно од клучните забелешки на европските институции. Ниту една европска институција не вели дека треба да се регулира печатот, а овој концепт ни нуди токму регулација на печат и многу други фалинки за кои мора сериозно да се дебатира.“

Тој додава дека има многу нелогични работи во пристапот на надлежните институции и дека е неопходно медиумската заедница да биде дирекно вклучена во работните групи кои ги изработуваат решенијата.

„Вака со писмена комуникација, со средби на кои само ќе не соберат и ќе ни кажат што наумиле да направат не се согласуваме и медиумската заедница не го прифаќа тој начин на комуникација и на носење на легислатива која се однесува на неа.“

Сарачини се надева дека по јавната расправа догодина ќе се донесат законски решенија за кои нема да има потреба по година или две да се ревидираат.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG